Стани дел од нашиот тим.

Станете партнер

Најчесто поставувани прашања

Дали се наплаќа дополнителна такса при резервација?
  • Не се наплаќа дополнителна такса.
  • Се плаќа провизија вклучена во вкупната сума само за резервацијата од понудената програма што ќе ја изберете, провизијата опфаќа обработка на плаќање, маркетинг, услуга за корисници, банкарски услуги и други настанати трошоци.
Како да направам резервација и кога треба да платам?

Детално можете да ги разгледате сите услуги за хигиена на домаќинства, како и деталните услови за нивно извршување. Цените се формираат во зависност од видот на услугата и квадратурата на просторот (m²). Кај секој тип на чистење е наведена детална спецификација на активностите што се вклучени во услугата, со цел да имате јасен преглед на тоа што добивате. Доколку понудениот концепт Ви одговара, можете едноставно да извршите резервација преку платформата и да изберете термин кој најмногу Ви одговара. По потврдата на резервацијата, системот автоматски назначува слободен хигиеничар од мрежата на наши регистрирани партнери за избраниот датум и термин.

  • За да се потврди резервацијата се плаќа еден дел од (20-30%) кој е вклучен во вкупната сума.
  • Остатокот од сумата се уплаќа на партнерот (хигиеничар) на денот на извршување на услугата.
  • Сите наши партнери (хигиеничари) имаат склучено договор со Сервио и се обврзани да ги извршуваат услугите согласно договорените стандарди за квалитет и професионалност.

Важна напомена:

Клиентот е должен во истиот ден да направи проверка на работата на вршителот на услугата (давателот на услуга), т.е. хигиеничарот, и веднаш да реагира доколку има пропусти во извршената услуга. Во случај на рекламација, клиентот треба да го контактира давателот на услугата (хигиеничарот), кој е должен во рок од 24 часа повторно да ја изврши работата.

За нас

Контактирајте нè

Контактирајте нè

Колачиња и приватност

Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Со продолжување на користење на оваа страница, вие се согласувате со нашата употреба на колачиња. Дознајте повеќе