Правила и услови за користење

Последна измена: февруари 2026

Со пристапување, користење и нарачка на услуги преку веб-страницата www.servio.mk, корисникот потврдува дека целосно ги прифаќа овие Услови за користење и се согласува да ги почитува.

1

Општи одредби

СЕРВИО СЕРВИСИС ДОО Скопје го задржува правото во секое време да ги измени или ажурира овие услови без претходна најава. Сите измени ќе бидат објавени на веб-страницата и ќе стапат на сила веднаш по нивното објавување. Продолженото користење на страницата по објавувањето на измените се смета за прифаќање на новите услови.

2

Користење на услугите

Услугите понудени на веб-страницата се наменети за корисници кои доставуваат точни, целосни и вистинити информации при нарачка или резервација. Корисникот е целосно одговорен за точноста на внесените податоци.

3

Лични податоци и приватност

СЕРВИО СЕРВИСИС ДОО Скопје ги обработува личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и применливите прописи во Република Северна Македонија.

Личните податоци може да вклучуваат, но не се ограничени на: име и презиме, единствен матичен број, адреса, е-маил адреса, телефонски број и други податоци потребни за реализација на услугите.

Личните податоци нема да бидат споделувани со трети лица, освен во случаи кога тоа е законски дозволено или задолжително, со цел:

  • остварување на законските права и обврски на компанијата;
  • заштита на интересите на компанијата;
  • постапување по судски или регулаторни налози.
4

Одговорност

СЕРВИО СЕРВИСИС ДОО Скопје не сноси одговорност за било каква штета или последици настанати поради неточни, нецелосни или погрешно внесени податоци од страна на корисникот.

5

Интелектуална сопственост

Содржините на веб-страницата (текстови, графики, логоа, дизајн) се сопственост на СЕРВИО СЕРВИСИС ДОО Скопје и не смеат да се користат, копираат или дистрибуираат без претходна писмена согласност.

6

Применливо право

Овие Услови за користење се регулирани и толкувани во согласност со законите на Република Северна Македонија.

7

Откажување на резервација

Откажување на резервација од страна на клиентот

Доколку клиентот ја откаже резервацијата најдоцна до 12:00 часот (пладне) претходниот ден, ќе има можност да направи нова резервација. Во случај на откажување по истекот на овој временски рок, уплатениот аванс нема да биде рефундиран и ќе се задржи во корист на платформата.

Откажување на резервација од страна на партнерот

Доколку партнерот ја откаже резервацијата од оправдани причини, клиентот ќе има можност да направи нова резервација во рок од 14 дена.

8

Промена на цена

Цената на бараната услуга може да биде променета доколку моменталната состојба на станот (просторот) не се совпаѓа со услугата што сте ја одбрале.

Пример:

  • големина на просторот по m²
  • степен на валканост
  • дополнително побарана услуга која се разликува од првично избраната.

Контакт Информации

Е-пошта: info@servio.mk

Веб-страница: www.servio.mk

Колачиња и Приватност

Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство на нашата веб-страница. Со продолжување на користење на оваа страница, вие се согласувате со нашата употреба на колачиња. Дознајте повеќе